Денес, се одржа хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен 2015, vol.6“. Ротаракт Клуб Скопје во соработка со Еуроимпекс, Генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, Скопје го организираа овој хуманитарен тенсиски настан. Ротаракторците, ротаријанците и пријателите на Ротаракт Клуб Скопје дадоа поддршка на личниот развој на децата од Здружението за заштита на правото на детето сместни во „Дневниот центар за деца од улица“, Шуто Оризари.
„Преку спроведување на овој хуманитарен тениски турнир имаме за цел да ги поттикнеме останатите чинители на општествениот развој и директно на децата на возраст од 14 до 18 годни од „Дневниот центар за деца од улица“ да им овозможиме доквалификација и доедукација со кои ќе им помогнеме на истите да пристапат на пазарот на труд и да го остварат своето право на квалификувано вработување и рамноправност.“– изјави Дарко Антиќ, Претседателот на Ротаракт Клубот, Скопје и додаде:
“Добро е познато дека Ротаракт Клубот Скопје е граѓанска организација основана и водена од млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години кои секоја недела се собираат со цел да разменат нови идеи, планираат активности и проекти насочени за помош и поддршка на заедницата и унапредување на општеството. Денес по 6-ти пат го одржавме хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен“ кој оваа година го организиравме заедно во соработка со Еуроимпекс – Пежо.“
„Денес се играше за децата од „Дневниот центар за деца од улица“. Станува збор за деца кои живеат во маргинализирани средини и во тешки социо-економски услови на кои реално им е потребна помош за остварување на нивниот личен развој. – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс
Еуроимпекс оваа година одбележува 25 годишно постоење и успешен развој како во земјава така и во регионов. За сите овие години, една од основите цели на компанијата е грижа за своите вработени, но и за надворешните засегнати страни. Сè е во директна корелација со можностите, но Еуроимпекс не го губи својот фокус и понатаму тежнее да остане позитивен пример.“