Според анализите на „Чип еир“ („CheapAir“) направени на над 1,2 милиони летови од 2015 од САД до 74 популарни дестинации низ светот, за да добиете поевтин лет клучно е времето кога го купувате билетот. Резултатот од нивната анализа е корисен за секој кој често лета.
Еве кога да го резервирате билетот за да ја добиете најевтината цена:
САД – 54 дена пред летот.
Мексико – 75 дена пред летот.
Канада – 75 дена пред летот.
Централна и Јужна Америка – 70 дена пред летот.
Карибите – 320 дена пред летот.
Африка – 215 дена пред летот.
Европа – 120 дена пред летот.
Азија – 160 дена пред летот.
Среден Исток – 215 дена пред летот.
Австралија – 320 дена пред летот.