Во април и во мај има неколку продолжени викенди и денови за одмор. Православните верници ќе одмораат вториот викенд од април, кога , за нив се неработни 10 април, кога е Великипеток, петок пред Велигден и 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар. Тогаш нема да работат сите граѓани на Македонија.
И католиците и Ромите имаат уште по еден неработен ден во април:
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
Потоа следува уште еден не раб0тен ден за сите граѓани на Македонија 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.
Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.
И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.