Кога ќе се налутат Русите – брутално се одмаздија за убиството на пилотот


Руското министерство за одбрана објави снимка од воздушниот напад на бунтовниците во сириски Идлиб каде што во саботата беше соборен руски воен авион и убиен пилотот.

Русија во знак на одмазда за соборувањето на авионот и убивањето на пилотот одговори жестоко – итно беше наредена воздушна операција против големото упориште на бунтовниците, а во нападот биле убиени најмалку 30 екстремисти.

На снимката се гледа како ракетите паѓаат на земјата и ги уништуваат метите во серија на големи експлозии.

 

Да потсетиме, во саботата беше соопшетно дека бутновниците собориле руски борбен авион од типот Су-25 во провинцијата Идлиб, а одговорноста за соборувањето на авионот ја превзеде терористичката група Тахрир Ал Шам.

Рускиот борбен авион беше соборен во близина на градот Марат Ал-Нуман, а бунтовниците најпрвин соопштија дека ги заробиле двајцата пилоти, но од официјална Москва потврдија дека еден пилот бил убиен.

Од руското Министерство за одбрана соопштија дека пилотот на авионот успешно се катапултирал, но подоцна загинал во борбата против терористите: „Пилотот е убиен во борбата со терористите“, стои во соопштението и се додава дека рускиот авион бил соборен со преносив против-воздушен ракетен систем.

Џихадистичката група поврзана со поранешниот огранок на Ал Каида во Сирија подоцна ја превзеде одговорноста за соборување на рускиот воен авион „Су-25“ со проектил лансиран од преносив против-воздушен систем “MANPADS”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1