Кога мажот престанува да сака?


Во настојувањето да изгледаат што поубаво и да остават подобар впечаток, жените често прават кардинални грешки со кои го губат вниманието на машкиот пол.

Вкусовите се различни, но околу следните работи речиси сите мажи го делат истото мислење.kavga

Премногу шминка

Во настојувањето да изгледаат што подобро, а со тоа и попривлечно на спротивниот пол, жените често претеруваат со количината на шминката. Ставаат слој по слој за да ги прикријат сите недостатоци, не сфаќајќи дека со тоа, всушност, ги одбиваат мажите. Бројни истражувања покажале дека мажите преферираат поприроден изглед, додека претерувањето со шминката може само да ги одбие.

Промискуитетно однесување

Многу жени се уверени дека со сексуални алузии, провокативно однесување и одење во кревет, ќе го привлечат мажот, иако вистината е целосно поинаква. Со такво однесување секако ќе привлечете маж кој е во потрга по авантура, но тешко дека ќе посака подобро да ве запознае. Девојка за секс и девојка за врска се две сосема различни работи.

Изгладнување

Мажите апсолутно ги одбиваат жени кои се срамат да јадат. Тие сакаат да ја видат девојката како ужива во храната, поради тоа салатите и сличните диети за вечера заборавете ги кога сте на состанок со него. Бидејќи, од непозната причина, девојка која сака да јаде им е многу привлечна.

Алкохолизирање

Слободно напијте се некој пијалак, но немојте да настојувате да му докажете колку можете да испиете. Девојка која пие еден пијалак по друг, можеби и може да биде забавна, но мажот секако нема да ја земе предвид како кандидатка за врска.

Нападно однесување

Ако мажите нешто мразат, тогаш тоа се нападните девојки. Притоа, не мислиме само на претерано настојување за остварување на физички контакт, туку и на вербален контакт. Претерувањето со комплиментите и смеењето на секој негов збор, целосно ќе го изладат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1