Кога може да се одложи почетокот на извршување на казната затвор


Осуденото лице кое се наоѓа на слобода може по негова молба да му се одложи почетокот на извршувањето на казната затвор, само во одредени случаи и тоа:

zatvor1) ако се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности но само во периодот додека трае болеста односно лекувањето и  е должно на секои 30 дена да достави веродостоен доказ за неговата здравствена состојба.;

2) се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице најдолго за три месеца;

3) одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила најдолго за три месеца;

4) осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета најдолго за три месеца;

5) одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувалонајдоцна до завршување на училишната година и шест месеца за испит;

6) заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството најдолго за шест месеца;

7) е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца до наполнувањето на една година од животот на детето. и

8) е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште или п рестојувалиште.

Молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на упатниот акт.

Што се е потребно и дополнителни информации прочитајте на – ПРАВДИКО 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1