Кога последен пат сте ја провериле течноста за кочници?


Driver

Во сервисите е утврдена неисправност на флуидот за сопирање во дури 72,3% случаји

Квалитетот на течноста за сопирање (кај нас позната под името „глицерин“) е една од најзанемарените сигурносни компоненти во автомобилот. Во истражување споведено во сервисите, во кое учестувале 1.453 возила постари од три години, утврдена е неисправност дури во 72,3% случаји.

Иако самата измена на овој флуид е ефтина и едноставна работа, повеќето возачи, а и сервиси не обрнуваат внимание на таа „ситница“.

Течноста за сопирање, заради своите специфични својства, е подложна на собирање на влага.

check-brake-fluid-level

brake_pedalИако сопирачкиот систем е затворен, секогаш доаѓа до продор на влагата и по 2-3 години осетно се намалува употребливоста на сопирачките.

Посебно може да биде опасно преку летниот период, кога надворешните температури се високи. По неколку повторени посилни сопирања доаѓа до создвање на ткн. парен чеп во системот за сопирање.

Наглото пропаѓање на сопирачката и неможноста да се сопира се причини на многу тешки сообраќајни незгоди.

Повеќето произведувачи на возила препорачуваат контрола и измена на флуидите за сопирање секои две години или на изминати 30.000 километри.

www.visokioktani.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1