Ја следам преписката или подобро да кажам војната меѓу медиумите ( за моја жал) поделени на опозициони и владини. Поделба која сама по себе е срам за новинарството па од која страна и да се декларирате ВИЕ СТЕ БРУКА ЗА ФЕЛАТА!!!
Студентите кога имаат нешто да кажат подобро слушајте – тие секогаш се во право.. ова е факт кој многупати низ историјата во различни земји се покажал и докажал. Кога студентарија ќе крене глас против нешто – тоа е тоа.. Знаете ли зошто.. Зошто тие се иднината не ние, ниту пак вие било да сте од опозиција или од власта. За многу кратко време вашите места ќе ги завземе токму некој од тие студенти и ќе ги фрли во вода сите ваши одлуки или ставови кој ги кроите денес, а нив не ги прашувате ниту слушате.
Политички партии од каде ви право да воопшто се обидете да внесете политика во ова. Опозицијо немој да си мизерна и да собираш поени на студентарија. Тие креваат глас за нешто што ги засега лично нив и идните студенти. Овој пат аман тргнете ги рацете од студентите..
ВИЕ од власта – ако излезе река студенти на улиците подобро отворете ги ушите и добро слушнете што бараат.
Студенти совет – доволно сте силни сами .. не ви треба никој.. Доколку имате нешто да кажете – кажете го сами – НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА РЕКЛА КАЗАЛА.. информирајте се добро – ако ВИЕ мислите дека новите одлуки се несоодветни протестирајте, не простестирајте само поради фактот што некој уштиркан политичар во кравата кажал на ТВ дека треба.
Медиуми МИЗЕРНИ СТЕ – не доведовте до дереџе да незнаеме што читаме, што е вистина, што да поддржиме со цело срце, а што да осудиме. Станавте ситни пиончиња во рацете на политиката ЕДНИ задоени од опозицијата, ДРУГИ под шаката на власта.. со тоа ни штетите и нам.. аман доста едни со квзи поддршка, други па осуда, едни постираат фотки со кругчиња, другите заокружуваат. АБЕ ИМАТЕ ЛИ МОЗОК ДА РАСУДИТЕ ШТО Е ВАЖНО ЗА УТРЕ – И ЗА ВАШИ ДЕЦА
дајте ни вистинска информација – не ни пренесувајте изјави на опозициони и владини политичари кој што мудрувал.. Јас не сум од ничија страна.. се интересирам за ова бидејќи и моето дете скоро ќе е студент, и имам полно право да имам свое мислење – се разбира, ако ми дозволите и дадете информација, наместо политички препукувања.
Писмо од Наталија.Б – мајка на, дај боже, студент од идната година