Богатите Руси се познати по својот екстравагантен вкус. Тие не штедат кога се работи за луксузните вили, скапите автомобили, неверојатно скапите забави… И токму кога ќе помислите дека не постои нешто подалеку од тоа, дека такво нешто едноставно не е возможно, се појавуваат нивните деца коишто својата арогантност ја подигнале на едно повисоко ниво.
Тие не знаат за помалку и поскромно. Тие патуваат на најексклузивните дестинации, се капат во најдобрите спа центри, имаат најегзотични домашни миленици…
И додека мажите обожуваат да се фалат со јахтите на коишто уживаат во друштво на презгодни девојки, жените повторно најмногу позираат во минијатурни костими за капење, фалејќи се со своите тела добиени со помош на најдобрите пластични хирурзи.