Во секоја поголема компанија од внатрешната страна од тоалетот, залепен е список со имиња кои се грижат за хигиената на тоалетот. Еден твитераш објави фотографија од еден таков список од тоалет во Виена.
Имињата се кажуваат. На овој список доминираат, Мара, Јованка, Наташа и Елвира.
– Овие сите се од поранешна Југославија, но колку и да работат таму барем знаат за што работат. Чистат тоалети во Виена и подобро живееат од лекари, профеосри, војници во Сирија. Зошто е срамота да се чистат тоалети? Некои се исмејаваат, но ова не е смешно, ова е тажно – ова се дел од коментарите под твитот.
Но колку и да изгледа понижувачки, кога ќе им стигне плата срамот исчезнува. Имено, просечно од еден час во Австрија се плаќа околу 29 евра.