Кои македонски училишта се најбезбедни?


Врз основа на Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” во рамки на истоимениот проект, чијашто цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, избраа три основни и две средни, најбезбедни и најчисти училишта во Република Македонија за учебната 2014/2015 година.deca skolo

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта.

Во конкуренција на 18 основни училишта, за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: ОУ „Владо Кантарџиев“ – општина Гевгелија – прво место; ОУ „Климент Охридски“ – с.Драчево, општина Кисела Вода – второ место и ООУ „Климент Охридски“ – општина Македонски Брод – трето место.

Во категоријата на средни училишта пристигнаа 6 апликации, меѓу кои за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје – прво место и СУГС „Никола Карев“ – Скопје – второ место.

За избраните училишта ќе следуваат соодветни награди, обезбедени од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје им се заблагодаруваат на сите училишта кои се пријавија на Јавниот повик и активно се вклучија во промовирање на идејата за „Најбезбедно и најчисто училиште“ и им го честитаат постигнатиот успех.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1