Кои се можните причини за хеликоптерската несреќа во Струмица


Пилотите најверојатно се обиделе да го слетаат полицискиот хеликопер Ми 17 на ледината во близина на Струмица , претпоставува искусниот пилот и поранешен началник на безбедност на летање во воено воздухопловство Небојша Антиќ.

helikopter nesrekja-Моја претпоставка е дека дека оделе на таа позиција да направат промена на пилотите, бидејжи имало уште еден пилот во леталото, вели Небојша Антиќ, поранешен воен пилот и началник на безбедност на летање во воено воздухопловство.

heli4Тој е уверен дека пилотите имале опрема за ноќно летање, но светлината која доаѓала од градот им попречила да го видат неосветлениот  120 метарски антенски столб. Искусниот пилот смета дека хеликоптерот најверојатно се закачил во сајлите кои го држеле столбот.

-Загадување светлосно за ваква врста на летање е неповолно се губат ефектите на ножно летање, доадава Антиќ.

Антиќ лично ги познавал загинатите во хеликоптерската несреќа

-Тие сигурно се добро обучени, колеги со кои долго сум работел, врвни пилоти, вели Антиќ.

Воениот пилот тврди дека Ми 17 е еден од најбезбедните хеликоптери и има широка употреба. Уверен е дека и овој хеликоптер редовно бил одржуван но потребно е пилотите во Македонија да имат од 100-120 часови лет за да ја одржат пилотската форма на највисоко ниво.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1