Кој е човекот од кој Путин најмногу се плаши? (Видео)


По распаѓањето на СССР, на политичката сцена на Русија не се појавила личност која што би претставувала сериозна конкуренција или пак дури и алтернатива на претседателот на владејачката елита.

Дел од светските медиуми пишуваа дека во Русија се појавила необична фигура за која претстојните претседателски избори, закажани за во 2018 година, може да ги направи крајно неизвесни.

navaljni_thumb_medium500_486

Станува зор за младиот Алексеј Наваљни. Тој веќе го најавил своето доаѓање, иако, нагласил дека промената на режимот во Русија нема да се случи на избори, со што дополнително ја вознемирил и онака неспокојната Русија.

Кој е Алексеј Наваљни? 

Опшонентот на Путин е млад и амбициозен политичар кој по цели 15 години од владеењето на Путин успеал да се наметне како некој за кого се претпоставува дека може барем да се обиде да ја загрози позицијата на Владимир Путин.

-Тој конечно е светлото на крајот од тунелот, изјавил Станислав Белковски, еден од водечките руски политиколози и автор на познати книги за Владимир Путин. Наваљни е човек кој одговара на рускиот политички идентитет кој се воспоставил во транзициските времиња на постсоветската Русија.

Според тврдењата на оние кои го познаваат, тој е идеална харизматична личност која одговара на најшироките слоеви на руското општество. Има 39 години, “аријевски изглед и руса коса”, што значи дека е Русин со чиста крв. Алексеј е образован правник, а својата диплома ја добил на престижниот Универзитет Јејл, а син е и на офицерот Анатолиј од советската армија.

nevalj_thumb_medium500_371

Минатото сепак не му е кристално чисто

Наваљни е осуден на затворска казна поради малверзации во дрвопреработувачката фабрика “Kirovles”, каде што работел како правник, меѓутоа бил отпуштен непосредно пред изборите во Москва. Добро упатените велат дека тоа се случило по лично барање на Владимир Путин, кој ги сослушал молбите на “својот” кандидат Сергеј Собјањин, кој сакал да ја потврди својата изборна победа на градоначалничките избори во конкуренција со достоен противник.

Наваљни добил повеќе од солидни 27% од гласовите. Сега пак, на Алексеј и неговиот брат Олег им се заканува повеќегодишна казна поради малверзации во работењето на руското претставништво на познатата француска компанија “Yves Rocher”, иако и двајцата ги отфрлаат обвиненијата.

Токму од ова зависи и политичката судбина на Наваљни – дали Путин уште еднаш ќе посегне по драстичен чекор за ослободување од свој сериозен противник надвор од бастионот на руската политичка моќ, каков што беше случајот со Михаил Ходоровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1