Кланот Асад со Сирија управува 43 години и нападот на САД би значело крај на владеењето на оваа династија, која имала големо влијание на Блискиот исток
Башар ал Асад (47) е претседател на Сирија од 2000 година. Студирал офтамологија и не сонувал дека ќе влезе во светот на политиката. Поради прераната смрт на брат му, тој станал прв кандидат за наследник на неговиот татко Хафез.
Родоначалник на династијата Асад е Хафез, кој ја водел Сирија 30 години. Ќе биде запаметен како човекот, кој сириската држава ја направил една од водечките регионални сили. Хафез Асад починал во 2000 година од срцев удар.
Мајката на Башар, Анишех Макхлоф, потекнува од угледно сириско семејство. Иако, не се појавувала во јавноста имала големо влијание врз сопругот. Според некои извори таа во почетокот на 2013 година го убедила синот Башар да расчисти до крај со бунтовниците.
Потоа избегала во Обединети Арапски Емирати, каде е единствената нејзина ќерка Бушра ал Асад.
Жената на Башар, Асма е родена во Велика Британија, каде посетувала кралско училиште. За Башар се омажи во 2000 година, а потоа тој ја презема апсолутната власт во државата. Таа работела како банкарска службеничка задолжена за инвестиции.
Басел Асад, воен офицер во сириската армија, бил најстариот син на Хафез, а во 1994 година загинал во сообраќајна несреќа. Пред смртта бил на чело на сирискиот тим за мировните преговори со Израел.
Махер Асад е помладиот брат на Башар, кој командува со елитните единици на армијата. Важи за човек со непопустливи ставови.
Бушра Асад е единствената сестра на Башар. Станала десна рака на Хафез, кога бунтовниците го убиле нејзиниот маж, таа побегнала во ОАР.
За Мадџу Асад, помладиот брат на Башар, малку се знае. Тој во 2009 загинал во сообраќајна несреќа.
Нова Македонија