Кој е Миле Хаџиски, извршител на едно од најсвирепите убиства во Македонија


Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот „АВНОЈ“ бр. 104 во Скопје. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. Од здобиените повреди Јошевска починала на лице место.  Увидот покажал дека и на паркетот имало траги од силината на ударите со нож што ги оставил убиецот, potsetuva MKD.MK.

ubistvo handjiskiХаџиски потоа зел неколку парчиња златен накит и го напуштил станот, оставајќи ја Јошевска да почине. Според полицијата, убиството било извршено со умисла, на свиреп начин и од користољубие. Основниот суд Скопје 2 го осуди на казна затвор во траење од 20 години.

По бруталното злосторство што го изврши Миле Хаџиски  семејството Јошевски не можеле повеќе да живеат во станот. Станот досега променил најмалку три стопана. Никоја како да не сака да живее тука, велат станарите.

Семејството на Хаџиски за време на судскиот процес изјавуваа дека тој не бил виновен за убиството на девојката. Мајката и братот на Хаџиски тогаш изјавуваа дека имало пропусти во истрагата.

handjiskiМиле Хаџиски од притворот не ѝ избегал на полицијата, ниту им избегал на затворските чувари. Тој тогаш ги искористил недореченостите во законот во однос на максималното траење на притворот од 30 дена за полесни кривични дела и 90 дена за дела од најтежок вид. Тогаш (1996) од затворот Идризово биле ослободени сите што биле со неправосилни пресуди. Педесетина затвореници добиле право да се бранат од слобода.

Зградата на булеварот АВНОЈ каде што е извршено свирепото убиство

Хаџиски со лажен идентитет успева да избега во Франција и во последните 20 години живеел на релација Франција –Швајцарија. На почетокот на минатата година тој е притворен во Лозана, за дела кои ги извршил во Швајцарија, но брзо успева да избега и од тој затвор.

Македонија тогаш поведува постапка за негова екстрадиција во земјава. Министерството за внатрешни работи тогаш преку Интерпол доби потврда дека бегалецот Миле Хаџиски е пронајден. Тој цело време го користел името на извесен Зоран Томиќ, роден во 1966 година.

mile handjiski „Според информациите со кои располагаше македонската полиција, осомничениот изминативе години честопати се движел на релација меѓу Франција и Швајцарија. По извршеното дактилоскопирање на лицето и вештачење и споредување на отпечатоците, беше утврдено дека се работи за лице идентично со Миле Хаџиски, по кој е распишана меѓународна потерница од 1996 година“, изјавуваа лани во февруари од МВР.

Kарактеристична лузна на брадата на уапсениот била една од главните причини швајцарските полицајци веднаш да се посомневаат дека станува збор за Миле Хаџиски, а не за Зоран Томиќ. На меѓународната потерница распишана по Хаџиски забележлива е лузната на неговото лице.

MKD.MK

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1