Сефовите се обиени, бидејќи клучевоте за нивното отворање не се пројадени. Тајните трезори на Ражнатовиќ се на сила отворени во присуство на полиција и обвинител. Од членовите на семејството на некогашниот командант на српската доброволна гарда, не се појави никој, вклучувајќи ја и сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ која не се јави на повикот да дојде во банката.
-Добив повик да присуствувам на отворањето на сефовите, но не дојдов бидејќи не сакам да учествувам во тој циркус. Претпоставував дека сефовите се празни и дека во нив нема ништо. Медиумите со денови креваа прашина, правеа неверојатни конструкции, ама на крајот излезе се затресе гората…изјави Цеца.
На прашањето зошто не го предала клучот од сефот, туку тој морал да се обие, вдовицата на Аркан изјави:
-Го немав клучот од сефот, се собраа за време на акцијата Сабја со останатите работи на Жељко – вели Цеца за Блиц.
Вчерашниот преглед не ја разреши до крај мистеријата на тајните трезори на Аркан. Останува непознато дали и што во него е чувано, како и кога се изпразнети од страна на Аркан или пак од некој друг.
Според објаснувањето на Комерцијална банка, сефовите на Аркан не биле отворани повеќе од 14 години, а за нивното постоење Вишиот суд во Белград бил известен веднаш по убиството на Аркан.