На официјално признатата влада на Либија итно и се потребни пари и сака да го отвори сефот на Гадафи кој се наоѓа во една од банките на град Ел-Бајд . Таму се чуваат златни и сребрени монети со сликата на Моамер Гадафи во вкупна вредност од $ 184 милиони. Сепак, постои еден проблем – сефот е заклучен, а петцифрениот код за негово отклучување централната банка го нема.
Другата влада во Триполи која го има тој код не сака да го предаде. За работата да биде уште полоша, паричките во сефот го имаат ликот на Гадафи кој беше симнат од власт во 2011 година, и поради тоа дури и да дојдат до парите, постои проблем како да се пуштат во оптек, вели гувернерот од централната банка во источна Либија. Тој додава дека чека испорака на банкноти од странство вредни четири милијарди долари, но дека на таа испорака ќе се чека уште месеци.
Златните и сребрени монети планира да им ги даде на трговци со злато под услов да ги претопат. Но, пред тоа да се случи мора да влезе во сефот и тука смета на помош од стручњаци. Но, ниту стручњаците нема да имаат лесна задача бидејќи плановите за 48 години стариот сеф се наоѓаат во Триполи.
Официјалните власти најверојатно ќе се обидат да го отворат по каков и да е начин, но и тука имаи уште една пречка. “Не можат да продаваaт монетите во овој нивни изглед”, изјави Али Ал-Хибри, гувернер на Централната банка во источна Либија, имајќи предвид дека на нив стои ликот на поранешниот либиски лидер – Моамер Гадафи.
” Сега владејачката Централна банка нема со што да исплати на своите соработници и затоа е решена да користи средство со отварње на сефот. Освен тоа од политички причини тој смета на тоа да ги претопи монетите, бидејќи на нив е прикажан Гадафи. а инаку при продажба на монетите со сликата на поранешниот лидер на земјата би можел да добие многу голема сума од колекционери кои веднаш би ги откупиче по високи цени “, истакна Едмунд Гриб, специјалист за Блискиот Исток.
Покрај тоа, според неговите зборови, ситуацијата се комплицира уште повеќе од фактот дека жителите на Ел-Бајд сметаат дека парите им припаѓаат со право само на нив.