Руски воздушни напади во Сирија ја принудија сириската бунтовничка група, џихадистичкиот Фронт Ал-Нусра, да им се обрати за помош на Обединетите нации, пренесува германски „Дојче виртшафтс нахрихтен“ повикувајќи се на „Ројтерс“.
Сириската опозиција побарала примирје од две-три недели во кои нема да биде напаѓана. Џихадистите се решиле на овој чекор за да земат здив и да се прегрупираат, односно за да спречат да бидат целосно уништени.
САД и Саудиска Арабија одамна го поддржуваат Ал-Нусра за остварување на своите интереси во Сирија, наведува германскиот весник и ја снабдуваат до оружје и со пари. Западните политичари притоа постојано се обидуваат да ги претстават терористите од оваа организација во поубаво светло, ставајќи ги во редот на умерената опозиција. Иако Ал-Нусра официјално се откажа од целите на Ал каеда, аналитичарите сметаат дека тоа го направиле за да можат да учествуваат во поделбата на Сирија.
Според „Дојче виртшафтс нахрихтен“, овој предлог е замка за Русија и Русите нема да го прифатат зашто, за разлика од западната коалиција, одлучно се борат против терористите.