До Министерството за култура не стигнало известување од ЗАМП – Здружението за заштита на авторски музички права, со кое на телевизиите би им се забранило емитување на музиката на авторите кои се членки на Здружението. Телевизиите имаат законска обврска осум часа неделно да емитуваат домашна музика. За тоа плаќаат одредена сума на здруженијата, а потоа тие парите им ги делат на авторите чија музика е пуштана.
„Ние сме отворени за соработка и сите прашања и проблеми треба да се решаваат заеднички. Ние немаме известување од авторите дека не сакаат да се емитуваат, но доколку е стигнато такво барање, тоа сите треба да го почитуваат. Но, сметам и апелирам, низ дијалог и соработка да се решaваат одредени проблеми“, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.
Сепак медиумите засегнати од овој закон односно од парите што треба да им ги плаќаат на музичарите вчера намерно или случајно дезинформираа дека причина за забраната е електронскиот софтвер кој се воведе. Музичарите ДЕМАНТИРААТ НЕ Е ПРОБЛЕМ СОФТВЕРОТ – ТОЈ И НИЕ ГО БАРАВМЕ ПРОБЛЕМ СЕ НАМАЛЕНИТЕ СРЕДСТВА НА СМЕШНИ 18 ПЛАТИ годишно – вкупно!!!.
Тие ги известиле и сите европски асоцијации во кои членуваат и на следните линкови можете да прочитате што е нивниот став по ова прашање
Македонската медиумска асоцијација, ММА, во која членуваат националните телевизии Алсат- М, Алфа, Сител, Телма и Канал 5 се фрапирани од заканата на ЗАМП. Телевизиите сепак му порачаа на ЗАМП доколку сака уште утре да ја реализра заканата, но при тоа, бараат секој автор, кој не сака неговата музика да биде емитувана, да достави потпишана изјава на нотар во која ќе ги наведе сопствените дела кои не сака да бидат емитувани. Дополнително, ММА најавува дека ќе побара да го суспендира членот од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој се однесува на обврска за емитување на домашна музика.
Ова е писмото на авторите до министерството за култура по КОМПЛЕТНО ТЕНДЕНЦИОЗНОТО ИНФОРМИРАЊЕ ЗА ОВА ОД СТРАНА НА ОВИЕ ЗАСЕГНАТИ МЕДИУМИ….
Со вчудоневидување ги проследивме вашите изјави на телевизиите „Сител“,„Апфа“, „Тепма“. „Алсат М“ и „Канал 5“ од 24 Ноември годинава и сакаме да веруваме дека тој впечаток го наметнува контекстот и опремата што ја направиле самите медиуми.
Претставниците на четирите здруженија на автори и носители на авторски и сродни права: ЗАМП. ММИ. Здружението ,,Шпато“ и КОМИП целосно се согласуваат со Вашиот јавно изнесен став дека „каков било бојкот нема да биде во корист ниту на авторите ниту на другата страна”. Но кога ќе се исцрпат сите легитимни средства, не останува ништо друго освен да се посегне по радикални легитимни решенија, каков што е бојкотот. Со таа цел во повеќе наврати Ве информиравме дека изменетиот Закон за авторски и сродни права е директно против дигнитетот и принципот на загарантирано право на сопственост, инаку декларативно прифатени и преточени во уводните членови на ЗАПСП.
Со оглед на фактот што измените и постапката во која беа донесени последните катастрофални измени на ЗАПСП, и заблудите што ги шират во јавноста некои медиуми од позиција на заинтересирана страна, не оставаат друг простор, освен преку нашиот застапник ЗАМП да го забраниме експлоатирањето на нашата интелектуална сопственост, доколку не се поништат наведените штетни одредби од Законот.
Бесмислено е да се тврди дека ЗАМП е против системот за електронска евиденција, зашто општо познат факт е дека иницијативата за вградување на тоа решение во законски рамки потекна токму од ЗАМП, со цел да се направи целосна контрола на емитуваните дела, со што ќе се овозможи правична пресметка на авторските хонорари согласно со емитувањето.
Овој систем за електронско евидентирање е веќе инсталиран и е во функција, а за тоа е информирано Министерството за култура, кое законски ги обврза радиодифузните организации да дозволат вградување на електронскиот ситем. Воопшто не е точно дека ЗАМП е иницијатор на законската обврска за осумчаоовно неделно емитување на македонска музика, што се експлоатира во медиумите и на која се повикуваат. Согласно на оваа одредба уште еднаш, вредноста на авторските музички права е обезвреднета и македонските автори се доведени до состојба да бидат вреднувани за нивните дела со за 10 пати намален износ во однос на страоките автори. Во чиј интерес е тоа? Сигурно јавноста ќе препознае дека не е во корист на стимулирање на македонското музичко творецггво.
Излезот го гледаме во укинување на штетните членови од новиот ЗАПСП и нивна замена со европски решенија врз основа на директивите на ЕУ поврзани со интелектуалната сопственост, што е обврска која произлегува од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Во очекување дека овие наши забелешки ќе предизвикаат интерес и ќе најдете време да размениме мислења за проблемите, срдечно Ве поздравуваме.
Целосното писмо можете да го погледнете ТУКА