Комисијата за лустрација на својата интернет страница ќе ги објави сите имиња на жртви од досиејата на сите прогласени кодоши досега, пишува „Вест“.
Обидот да се стори тоа вчера пропаднал, бидејќи членот на Комисијата, Чедомир Дамјановски, ја напуштил седницата, поради што снемало кворум. Претседателот на Комисијата Томе Аџиев вели дека објавувањето на имињата на жртвите на кодошењето е спроведување на законот.
Извор: Вест