Кој ви ги чува децата? Без лиценца смеат само роднините – ако не казни летаат и по 1000 евра


Единствено бабите и дедовците што ги чуваат своите внуци во домашни услови нема да мораат да  се грижат дали имаат лиценца за работа со деца. Тие спаѓаат во категоријата на семејна грижа, односно тоа не го работат професионално, за да мора да поминат разни тестови во кои ќе им се проверува психофизичката состојба.

bejbisiter

Законот за заштита на деца предвидува казни од 500 до 1.000 евра ако бебиситерките немаат лиценца. Казни ќе плаќаат и агенциите ако не водат евиденција за корисниците и за дадените услуги.
Инаку, од Министерството признаваат дека ќе биде тешко да се направи контрола на дадилките што чуваат деца во домашни услови, зашто не можат да влегуваат по домови. Таквите случаи ќе ги проверуваат единствено по пријава.

Според Министерството за труд и социјала, со лиценците се заштитуваат родителите од какви било злоупотреби на децата од воспитувачките и од дадилките. На тој начин се воспоставува контрола во работата на дадилките, односно и тие ќе имаат законска одговорност при грижата за децата. Тоа е еден вид гаранција за нивната психофизичка состојба.

Лиценците ќе важат пет години, а за нивна обнова ќе мораат да поминат десет часа обука. До октомври годинава 500 дадилки добиле лиценца за работа, односно можат да чуваат деца во домашни услови. Издадени се и 1.203 лиценци за воспитувачките и 1.864 лиценци за негувателките во градинките

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1