Коки низ солзи: Дуле не знаеше колку беше сакан


„Ду­ле не знаеше колку беше сакан. Не беше свесен колку луѓе го са­ка­ат“, низ солзи за Вест изјави Никола Јанков – Коки, виолината која 20 години им беше придружба на гитарата и на гласот на Дуле, кој денеска после 14 часот беше погребан на градските гробишта во неговиот роден град Штип.

dule i koki2Денеска молк меѓу штипјани, молк за својот сакан сограѓанин, за големата македонска поп ѕвезда која со својата гитара и виолината на Коки, многу ноќи им ги направи незаборавни.

Дуле уште од мали нозе беше талентиран музичар, се сеќава Јасмин Маневски, човекот што го научи да свири гитара.

– Се сеќавам, кога Дуле беше мал, четвртоодделенец. Беше неверојатно упорен да му ја дадам гитарата за да проба да свири. Му реков, сè уште си мал за гитара, твоите прсти се мали, а инструментот е голем, не ќе можеш да ја држиш. Ако, велеше Дуле, ќе можам. Попуштив и му ја дадов со неколку ноти напишани на лист хартија за вежби. Следниот ден пријатно ме изненади како за една ноќ буквално ги совладал основните техники во свирење на гитара. Беше исклучителен талент, што подоцна се покажа и стана поп ѕвезда – се сеќава пред камерата на Канал 5, Јасмин Маневски, штипскиот музичар кој го научил Дуле да свири гитара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1