Директорот на системот за здравствена нега и заштита на Стокхолм, апелираше денеска до шведската влада да им испрати медицински работници и друг болнички персонал, додека престолнината се бори со вториот бран на пандемијата која ја доведе до исполнетост на одделенијата за интензивна нега.
„Потребна ни е помош“, рекол Бјорн Ериксон директор на системот за здравствена заштита и нега за Стокхолм на конференцијата за новинари.
Тој предупредил дека скоро сите кревети на одделението за интензивна нега се зафатени, како што пренесува Ројтерс.
Ерисксон навел дека е потребно подобро почитување на препораките на Владата за да се намали притисокот на здравствениот систем.
Едноставно не е вредно да се оди на пијалок после работа, да се оди во гужви и да се купуваат божиќни подароци, последиците се ужасни, предупредил тој.
Шведска не се одлучи да воведе било какви мерки на карантин, како што беше случај во европските земји. Во земјата досега биле потврдени 7.300 смртни случаи, а бројот на починати од Ковид 19 по глава на жител во Шведска е значително е поголем отколку во соседните земји.
Стокхолм е меѓу најтешко погодените подрачја, со 2.836 смртни случаи од последици на Ковид 19 од почетокот на пандемијата. После затишјето на лето и есен, бројот на заразени повторно се зголеми, а одделенијата на интензивна нега се преполни.