Во село Криволак во близина на Неготино, во централна Македонија живее можеби единствениот човек на светот кој умее да зборува со змиите. Името му е Скедер Јусуфов, но сите го викаат Коле змија. Основно занимање од кое живее и го прехранува семејството е лов на змии. Не по полињата и нивите, туку по куќите, дворовите, автомобилите на луѓето и слични места каде се вгнездиле овие опасни влекачи, пишува Сител.мк
Коле змиите не ги убива. Ги намамува со зборење, само нему познат речник што го нарекува „Басма“. Штом ги слушнат за обичниот човек, неразбилрливите зборови на Коле, змиите сами излегуваат и доаѓаат до него. Тој нежно ги фаќа, ги носи од местото и ги пушта во природа. Со оваа работа се занимава речиси четврт век и никогаш досега змија го нема каснато. Тие за него се големи пријатели. И тој за нив.
Го бараат луѓе од цела Македонија кои имаат проблем со змиите, а тој за своите услуги наплаќа по 50 евра. Додека разговаравме со него ни откри дека некој бизнисмен од Неготино го наговарал да му биде менаџер. Му нудел редовна плата, а работата на Коле би била само да фаќа змии, додека бизнисменот а луѓето би им наплаќал по 500 евра по змии. Коле не го прифатил овој непристоен предлог знајеќи дека повеќето луѓе во Македонија живеат сиромашно.
Змиите со голи раце почнал да ги фаќа речиси пред 25 години, а на тој „занает“ го научил овачарот Коста од Радовиш.