Колкава е директорската плата во Мекдоналдс?


Вработен во најголемата прехранбрена корпорација за фастфуд веќе 20 години работи за минимална плата. Станува збор за Тајрл Џонсон од Чикаго кој има 44 години, а веќе 20 години работи во Мекдоналдс.

g_mcdonaldsВо својот работен век работел во шест различно ресторани, но никогаш досега не напредувал. Секој пат кога бил префрлан, платата му почнувала од минималец.

Денес живее во хотелска соба за која месечно плаќа 320 долари. Џонсон заработува 8,25 долари на час, но дури ни кога работи во два ресторани на Мекдоналс, не може да собере повеќе од 40 работни часови неделно.

Џонсон би требало да работи милион часа, односно потребни му се повеќе од 100 години работа, за да ја достигне платата која лани ја добил тогашниот директор на Мекдонолс Џим Скинер, 8,75 милиони долари.

Разликата во платите драстично е променета. Пред 20 години, кога Џонсон почнал да работи во компанијата, платата на директорот била 230 пати поголема од платата на работниците кои работеле за минималец. Денес директорската плата е поголема за 580 пати.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1