Колку гласа се потребни за да се стане пратеник


120 пратенички мандати во македонското собрание, по дваесет од секоја од шесте изборни единици.

Во трката се 14 партии и коалиции, но искуствата од последните два изборни циклуса покажаа дека само по пет успеваат да влезат во парламентот,

sobranie_RMРаспределбата на мандатите се врши според т.н. Д’Онтов модел, креиран во 19 век од белгискиот математичар Виктор Д’Онт и првпат употребен во неговата земја.

Со овој метод не е важно колку гласови ќе добие партијата вкупно, туку по колку ќе добие во секоја од шесте изборни единици. Овие единици имаат по околу 280.000 регистрирани гласачи, а бидејќи одѕивот на минатите изборни циклуси беше меѓу 55 и 60 отсто, може да се очекува дека во секоја од нив ќе излезат да гласаат меѓу 160.000 и 180.000 луѓе.

Пресметката се врши според количници, така што бројот на гласови што ќе го добие секоја партија прво се дели со еден, па со два, па со три итн. Потоа се споредуваат резултатите од делењето, се издвојуваат највисоките 20 количници и во зависност од тоа на која партија ѝ припаѓаат, таа ќе ги добие мандатите. Нормално, тие што имаат повеќе гласови ќе добијат поголем број високи количници, а помалите може да останат без ништо.

Што донесе овој модел. На изборите во 2011 година партија што освои вкупно 30.000 гласа доби два мандата во Собранието, а друга што собра нешто над 28.000 гласа не доби ништо, затоа што на првата гласовите ѝ беа сконцентрирани главно во една изборна единица. На тие избори, над106.000 гласа, или околу 10 отсто од вкупниот број, не беа претставени во Собранието.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1