Мирослав Матиќ е осуден денеска во Вишиот суд во Белград на 30 години затвор поради тоа што минатата година го уби таксистот Ќиро Треневски, со македонско потекло, а потоа и свештеникот Мирослав Чворивиќ.
Во завршните зборови пред пресудата, заменикот на обвинителот наведе дека во текот на судењето докажано е дека Матиќ извршил двојно убиство и барал да биде осуден на 40 години затвор.
Матиќ тогаш ја призна вината и рече дека се кае за злостроството што го направи.