Колку му паднал профитот во фирмите на Анѓушев? Или пак ПОРАСНАЛ?


графика која денеска се врти на Твитер во врска со „падот на бизнисот и профитот“ на Анѓушев. Од истата може да се види дека во две фирми нема пад, напротив, има раст на бизнисот во 2018-та во споредба со 2017 година, односно пред доаѓањето на функцијата вицепремиер во Владата на Зоран Заев.

„Фероинвест ДОО“ во 2017 година остварила нето добивка од 50.4 милиони денари. Во 2018-та, остварената добивка изнесувала 77.7 милиони денари, односно забележала раст од 54% во споредба со претходната година.

„Брако ДОО“, од друга страна, во 2017-та забележала нето добивка од 28.7 милиони денари. Веќе следната година, „Брако ДОО“ остварила добивка од 69.9 милиони денари, односно раст од… 143 проценти!

Изјавата на Анѓушев денеска ја правдаше Заев, велејќи дека Стопанските комори на Македонија ќе предложат замена за вицепремиерот, ако СДСМ успее да формира нова Влада.

Заев го пофали Анѓушев дека е одговорен политичар и изрази увереност дека ќе ги дозавршат проектите од кои ќе зависат ефектите во сите економски ресори и чинители во владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1