Колку навистина им е рокот на траење на кремите за сончање?


И покрај тоа што имаат подолг рок на траење од некои секојдневни креми, колку реално ќе биде рокот на траење на кремата за сонце зависи од тоа ја чуваме.

Поголемиот број од произведувачите на овие креми, тврдат дека со правилно чување, во оптимални услови, овие производи ќе имаат дејство три години.suncream--z

Сите ние често ги носиме овие креми и на плажа, или ги оставаме во врели автомобили, чанти…

-Кога кремата за сончање ќе се загрее, нејзините компоненти побрзо се разградуваат. Тоа пак, придонесува до скратување на рокот на траење, дури на шест месеци – велат докторите.

Кремите за сончање во својот состав имаа неоргански состојки, како цинкоксид и титаниумдиоксид, кои го спречуваат горењето на кожата на сонце. Тие го впиваат и одбиваат ултравиолетовото зрачење кое, доколку не би ги користеле кремите, ќе продрат директно до кожата. За убавиот мирис, во овие производи се вметнуваат и природни масла и алое.

Според стручњаците, кремите содржат и емулгатори, кои го помагаат мешањето на водата и маслото. Токму емулгаторите се првите состојки што се распаѓаат на сонце. Без оваа состојка, водата и маслото ќе се раздвојат, со што кремата послабо ќе се врзе за кожата. Но, тоа не значи и дека ефектот е намален. Во таков случај, доволно е малку посилно да го „протресете“ шишенцето со кремата и масата ќе биде покомпактна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1