Колку пари чини одгледувањето дете?


Трошоците за одгледување на дете до 18 година во Велика Британија за една година пораснаа за четири отсто и изнесуваат 148.105 фунти (173.645 евра), објави организацијата за помош на децата „Чајлд поверти акшн груп“ (Child poverty action group).

Parents with ChildОрганизацијата тврди дека просечната плата пораснала за 1,5 отсто, а социјалната помош за еден процент.

Групите за заштита на децата погодени од сиромаштијата оценуваат дека владините мерки за штедење ги погодуваат британските семејства.

– Истражувањето покажува дека семејствата во текот на изминатата година дополнителни се оптоварени со растот на цените и со стагнирањето на платите, а со тоа и со се поголемото намалување на помошта од државата. Секој родител знае дека се потешко може да ги плати потребите на детето, а политичарите тоа не го гледаат како приоритет, изјави директорката на „Чајлд поверти акшн груп“, Алисон Гарнем.

Економски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1