Колку тежи сенката? (Видео)


Сенката не може да се стави на вага и да се измери, но материјата врз која што таа паѓа – може.
Светлината поседува енергија и кога таа се емитира врз некој предмет, истиот е за многу малку подтурнат од неговата првобитна положба.

Секој 6,5 цм квадратен ( одприлика колку една SD картичка) од Земјината површина кој е осветлен од Сончева светилна, поттурнат е од сила од половина милијардитина килограми – тоа е практично ништо. Но кога станува збор за поголеми површини – резултатите се прилично интересни.
На сончев ден, површината на градот Чикаго тежи за 140 кг повеќе отколку ноќе.

Во вселената пак, резултатите се уште поголеми. Вселенско летало кое патува од Земјата до планетата Марс е туркано од светлината и изместено за 1000 км надвор од својот курс, па сите овие податоци мора да бидат земени предвид при патувањата до Марс.

Создадени се и летала кои лебдат со помош на светлина.

Како заклучок може да се каже дека површина која се наоѓа во сенка тежи помалку отколку површина потисната од светлина.

За повеќе информации проследете го видеото:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1