Командант Селими – амбасадор на Косово обвинет за силување на две сестри


Меѓународниот обвинител, Маурицио Салустро покрена обвинение против Сулејман Селими, поранешен командант на Генералштабот на ОВК, командант на безбедносните сили на Косово и косовски амбасадор во Албанија, за силување на две сестри Албанки во Косовска Митровица за време на војната.

Members of the Kosovo police special forces stand by the vehicle in the ethnically divided town of MitrovicaПокрај Селими, обвинението ги опфаќа и Исмет Хаџа, Неџар Ќубрели и Шефки Хисени.

– Меѓународниот обвинител покрена обвинение против четворица осомничени во Основниот суд во Косовска Митровица. Обвинетите се товарат за криминачни дела против цивилното население, вклучувајќи и малтретирање и злоставување на две Албанки извршени во Ваганица и Ликовац во 1998/99 година, се наведува во соопштението на Еулекс кое го пренесуваат косовските медиуми.

Ќубрели, Хаџа и Хисени ги уапсиле двете сестри, ги малтретирале и тепале и ги однеле во Ликовац кај Селими, кој според обвинението една недела сексуално ги злоставувал.

На 8 ноември, Специјалното обвинителство на Косово, по неколку месечниот притвор, покрена обвинение против 15 лица, меѓу кои и Селими, членови на „Групата од Дреница“, обвинети за воени злосторства врз цивилно население, апсења, малретирања и нечовечко однесување врз лица во центарот на ОВК во Ликовац, во близина на Скендерај во 1998 година.

Селими, познат под псевдонимот „Султани“ (Султан) по косовската војна беше командант на безбедносните сили на Косово, додека лани премиерот Хашим Тачи го именува за прв косовски амбасадор во Албанија и тој иако повеќе од шест месеци е во притвор сеуште официјално е на истата функција.

Меѓу обвинетите е и претседателот на општина Скендерај, Сами Љуштаку.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1