Комисијата за заразни болести со препорака до Владата за задолжителен ПСР тест за граѓани на Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора


Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1