Комисијата предлага олеснување на мерките за помалку ризичните сегменти, Владата ќе одлучува утре


Вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови на општините за справување со КОВИД-19, очекува утре на седница на Влада да се донесе одлука за олеснување на мерките за одредени сегменти кои се помалку ризични.

Комисијата за заразни болести според анализа денеска, рече, смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата утре ќе се разгледа на седница на Влада доколку до утре драматично не се влоши состојбата.

Во гостување на ТВ24 Османи истакна дека поместувањето на одлуките за олеснување на мерките се должи на последователно зголемување на процентот на заразени – во два дена 10 отсто од вкупниот број тестирани, а денеска 15 проценти. Затоа, рече, се прологнирале одлуките за олеснети мерки што се очекуваа уште во петокот.

Чувствува дека луѓето се олабавуваат во придржувањето кон мерките, посебно, како што рече, откако почнале да слушаат дека почнало да се разговара за политика, а и поради убавото време.

– Според сите параметри, не е поминат ризикот и треба да се биде внимателен. Мислам дека не е подобра ситуацијата од пред неколку недели и месеци. Под контрола е, но не треба да потфрлиме сега кога се гледа светлото во тунелот. Да издржиме уште малку, рече Османи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1