Кому се Грција му должи и зошто: Огромни пензии и бенефиции, село на слепи..


Од вкупниот јавен долг на Грција кој моментно е 323 милијарди евра, најголем дел во европскиот долг имаат државите членки на еврозоната на кои се однесуваат 60 отсто од долгот.

Според табела на грчки кредитори, направена од Би-Би-Си, еврозоната низ Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција и позајмилa 141,8 милијарди евра и уште дополнителни 52,9 милијарди со посебен заем за државата.greece

По држави, најголем кредитор е Германија – пласирала 68,2 милијарди евра преку програмата. Следува Франција – 43,3 милијарди евра, а на трето место е Италија со 38,4 милијарди евра.

Зад нив се ММФ кои Грција ја кредитирале со 21,4 милијарди евра и ЕЦБ со 18,1 милијарди евра кредити. Словенија на Грција и позајмила 1,4 милијарди евра што е 3,9 отсто БДП додека Малта – 400 милиони долари – пет отсто од својот БДП.

Меѓу државите доверители со најголеми позајмици се и Холандија со 13,4 милијарди евра, САД 11,3 милијарди, Британија – 10,8 милијарди, Белгија – 7,5…

Новата книга на Џејмс Ангелос „Целосната катастрофа: патувањето низ новите грчки урнатини“, открива детали за неверојатните даночни и други измами поради кои државната каса била пустошена. Greece-Euro-Crisis-300x199

Островот на слепите

Еден од најлудите примери е „островот на слепите“. Станува збор за островот Закинтос. Од 680 жители дури 498 биле регистрирани како слепи – дознал дека да се биде слеп во Грција носи голем број бенефиции – 724 евра помош секој втор месец, како и попусти на разни нешта.  А жителите на Закинтос нормално возеле автомобили. Дури ретко кој меѓу нив носел очила.

Тоа било измама што лесно можело да се разоткрие доколку владата испратела барем еден офталмолог на островот. Наместо тоа „слепците од Закинтос“ ја чинеле државата неверојатни девет милиони евра.

Лажни инвалиди

Но ова што го открил Ангелос било само врвот на сантата мраз. Колкав е проблемот со сличните измами кратко и јасно одговорил заменик-министерот за здравство Маркос Боларис – многу голем.greece-map

Боларис му раскажал дека министерството повикало на преглед голем број пријавени инвалиди за да се утврди дали се навистина инвалиди. Дури 36.000 воопшто не одговориле на државниот повик. Тоа било добар пример бидејќи им биле одземени пензиите на сите што не одговориле на повикот, па државата автоматски заштедила околу сто милиони евра годишно, пишува Ангелос во книгата.

Малверзации со пензиите

Потоа се појавил проблемот со пензиите. Владата забележала сомнителна цифра од 8.500 пензионери што имале над сто години. Кога го „прочешлале“ пензискиот систем, откриле 40.000 лажни пензионери. Било утврдено дека луѓето масовно „заборавале“ да пријават дека членовите на семејството им починале.

Сиромашна земја со многу богати луѓе

Според податоците од 2011 година, во грчкиот даночен систем има само 5.000 луѓе што заработуваат над 90.000 евра годишно, поради што економистите иронично ја опишуваат Грција како „сиромашна земја со многу богати луѓе“.

Имено, улиците се полни со луксузни вили со базени, додека докторите и бизнисмените официјално годишно заработуваат меѓу 8.500 и 12.000 евра.r477greece-halkidiki-ftw6gkb05w-1728x800_c

Од сопствениците на вилите околу 300 пријавиле дека имаат базени и уредно си платиле данок, меѓутоа владата со помош на Гугл ерт (Google Earth) добила нешто поголема бројка – базени имаат над 20.000 вили.

Според пресметката на Ангелос, инаку новинар на Вол стрит џурнал, поради сите можни измами и неплаќањето данок Грција годишно губела околу 20 милијарди евра.

Кога Ангелос на еден државен службеник му го кажал своето мислење дека државата треба да почне да ги казнува крадците и измамниците, добил прилично депримирачки одговор: „Тоа би значело дека половина Грција ќе заврши во затвор“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1