По повеќе од една година конечно е најден убиецот на пејачката Јелена Марјановиќ. Нејзиното убиство го потресе Балканот поради начинот на кој беше ликвидирана додека џогираше во близина на својот дом. Полицијата имаше повеќе осомничени, меѓу кои и од најблиското семејство, но немаше конкретни докази.
Катарин Долинеј Чоплан го признал убиството на Каролина Г. во Германија, но трагите водат до тоа дека тој е убиецот и на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.
Германската полиција пред неколку дена го уапсила камионџијата на возраст од 40 години, а неговата крв е пронајдена и на насипот каде беше убиена и Јелена. Токму затоа се испитува дали тој ја убил ѕвездата на Гранд.
– Германската полиција извести дека има налог за негово апсење, а истрагата е во повеќе градови и држави, каде има повеќе исчезнати девојки, вели извор за српскиот Курир.
Инаку, она што наведува дека тој е убиецот на Јелена е тоа што убиството на Јелена е пресликано од убиството на Каролина, таа починала во исти ужасни маки. Начинот на кој тој ги убивал жртвите е идентичен, ги чекал на осамени и напуштени места и ги мачел.
Германската полиција пред неколку дена го уапсила камионџијата на возраст од 40 години, а неговата крв е пронајдена и на насипот каде беше убиена и Јелена.Инаку, она што наведува дека тој е убиецот на Јелена е тоа што убиството на Јелена е пресликано од убиството на Каролина, таа починала во исти ужасни маки. Начинот на кој тој ги убивал жртвите е идентичен, ги чекал на осамени и напуштени места и ги мачел.