Советскиот водач Јосиф Висарионович Сталин не е убиен туку починал од мозочен удар. пишува во извештајот од обдукцијата, кој долго стоел „во бункер“, а сега е објавен.
Сталин не бил убиен од Лаврентиј Берија, суровиот шеф на тајните служби, ниту пак, од лидерот на Југославија, Јосип Броз Тито, како што веруваа некои западни служби.
Откако тие го пронашле Сталин како лежи во неговата вила, во неговата канцеларија било пронајдено и предупредувањето на Тито упатено до Сталин. Тито го предупредил Сталин да „престане да му испраќа убијци, бидејќи веќе 5 се откриени” и му се заканил дека и тој ќе испрати еден во Москва за да го ликвидира и дека потоа „повеќе ќе нема причина да се испрати некој“.
Сталин умрел во 1953 година, а извештајот од обдукцијата ги поби сите теории на заговор.
Сталин имал хронични хипертонија, артериосклероза и ревматски болки во мускулите.
Од крајот на 1952 година, се појавиле проблеми од непозната природа во белите дробови, по што Сталин дури и престанал да пуши. Сето ова наговестувало дека му се ближи крајот.
Лекарите потврдиле дека обдукацијата открило дека Сталин страдал од „тежок случај на атеросклероза во мозокот”, и дека оваа болест, која се развивала со години, „влијаела на неговото здравје, карактерот и одлуките што ги донесувал”.
Сталин починал во својата вила во едно московско предградие, од мозочен удар. Обдукцијата, чии резултати се напишани на 11 страни, покажува дека Сталин се задушил од последица на мозочниот удар.