Конгресот реши – Заев останува лидер на СДСМ, еве кои беа против


Зоран Заев останува претседател на СДСМ. Според вечерашното гласање на Конгресот, за него поддршка дале 413 делеагти, додека против гласале 176.

zaevСо тоа лидерот на СДСМ се задржа на партискиот врв и покрај катастрофалниот пораз на двојните избори.

На 18-от Конгрес на СДСМ се водеше жестока дебата. Дел од делегатите изразија поддршка на раководството и покрај послабите изборни резултати, но дел побараа оставка од Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.

Есад Рахиќ, Гордан Георгиев и Митре Вељановски беа меѓу најгласните кои бараа смена на лидерската позиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1