Огромна трагедија го потресе српскиот град Књажевац. Метална конструкција на гол паднала врз 12-годишниот С.С. и го усмртила на лице место.
Несреќата се случила вчера попладне околу 17:40 часот на спортско игралиште во Средното техничко училиште во Књажевац.
Кога пристигнале лекарите, за жал, само ја констатирале смртта на малолетното момче.