Контроверзна термоизолација! Предностите и маните на полиуретанска пена во спреј


Полиуретанска пена во спреј е пластична пена која што е во течна состојба. Се користи за термоизолација и во процесот на нанесување таа се шири – експандира, повеќе пати во однос на својот почетен волумен. Особините на ПУ – пена се такви да можат да се прилагодат за да се задоволат потребите за различни апликации.

15_10_2013_11a_velikaЗа поставување на полиуретанска пена се користи посебна опрема, а вработените мораат да поминат посебна обука на нанесување на овој вид на термоизолација. Ова е битно поради фактот што Вие не купувате готов производ како што се изолациски плочи направени од минерална волна или од ЕПС (експандиран полистирен познат и како „стиропор“ поточно Styropor бренд на компанијата BASF)

Една од предностите на ПУ – пена е нејзината улога како регулатор на влагата во објектот, а кога се применува во кровните системи ПУ –пена ги елиминира термичките мостови а со тоа го продолжува животниот век на покривот. Поради своите карактеристики ПУ – пена се користи за различни намени:

  • Изолација на кровните системи
  • Воздушни бариети
  • Термоизолација на ѕидови, тавани, визби
  • Индустриска изолација на цевки, ладилници, хали за разладување и кај сите климатизирани објекти
  • Изолација на бродови и слично

Карактеристиките и предностите на ПУ – пена во спреј

Алијанса за ПУ пена во С.А.Д. (SPFA – Spray Polyurethane Foam Alliance) истакнува дека ПУ – пена во спреј е еколошки материјал кој што не содржи формалдехид или хемикалии кој што имаат негативно влијание на животната средина. При тоа ја штеди енергијата и го намалува користењето на фосилните горива, со што се намалува емисијата на гасови кој што го создаваат ефектот на стаклената градина. Производството на ПУ – пена бара помалку енергија за разлика од другите термо изолациони материјали. Подолг временски период ги задржува своите позитивни карактеристики.

ПУ – пена на неколку начини влијае на намалување на потрошувачка на енергија:

  • Висок R (единица за термичка отпорност која што се користи во С.А.Д. наместо европската U вредноста за термичка кондуктивност) вредност по инч: со отворени ќелии R – 3,5/инч, со затворени ќелии R-6/инч
  • Контрола на влагата и кондензацијата
  • Го намалува преносот на температурата  по пат на конвекција во ѕидовите и на таванот
  • Го елиминира негативното влијание на ветерот – wind washing
  • Го подобрува системот на вентилација

Покрај овие предности SPFA  ги нагласува и другите позитивни карактеристики на ПУ – пената:

  • ПУ – пена со затворени ќелии дава придонес во стабилноста на целата зграда
  • Ја подобрува изолацијата од бучавата
  • Пената со затворени ќелии може да биде и добра хидроизолација.

Полиуретанска пена во спреј може да се префарба, да се обложи со панели или со гипс картонски плочи, да се прелепи со тапети и слично. Евентуални оштетувања можат едноставно да се елиминираат со едноставно дополнување на ПУ – пена на оштетеното место.

Потенцијални мани – хемикалиите во полиуретанска пена

Полиуретанска пена во спреј – SPF (spray polyurethane foam) се промовира како зелен градежен материјал, поради својата способност да ја зголеми енергетската ефикасност. Овој материјал има подобри изолациони карактеристики од фиберглас или пак од целулоза, што може да донесе големи енергетски заштеди за греење или ладење. Но од друга страна, покрај своите поволни термоизолациони карактеристики, оваа пена во себе содржи низа на супстанци за кој што се знае дека се опасни.

15_10_2013_11c_velika-500x279Полиуретанска пена во спреј се состои од две течни хемиски компоненти кој што се нарекуваат „Страна А“ и „Страна Б“. Страната А се состои од изоцијанти, додека страната Б содржи полилол, хемикалии за успорување за ширење на оган (flame retardants) како и амино катализатори. Овие хемикалии создаваат опасни испарување во текот на примената, поради што мајсторите кој што ракуваат со ПУ – пена требаат да носат заштитна опрема.

Ризиците кој што се поврзуваат со хемикалиите кој што се користат на страната А се добро истражени и документирани, но ризиците кој што се поврзани со хемикалиите кој што се користат на страната Б се помалку истражени. David Marlow од центарот за контрола на болести на С.А.Д. ги истражување штетните испарувања кој што се доведуваат во врска со ПУ – пена уште од 2010 година. Теренските истражувања кој што се реализирани од страна на David Marlow имаа за цел да го утврдат степенот на изложеноста на сите хемиски компоненти кој што ги содржи ПУ – пената.

Покрај опасноста која што се поврзуваат со испарувањата, овие хемикалии можат да бидат потенцијално нереактивни во облик на прашина или струготина. Агенцијата за заштита на животната средина на С.А.Д. (Environmental Protection Agency) издаде предупредување:„Сечењето или скратувањето на пената по нејзиното стврднување може да генерира прашина која што може да содржи нереактивни изоцианати и други хемикалии.“

Изоцијанати

Изоцијанати како што се метилен дифенил диизоцијанат(DMI – methylene diphenyl diisocyanate), се наоѓаат во „Страната А“ во миксот на полиуретанската пена во спреј. Изоцијанати се исто така наоѓаат во боите, лаковите и во другите видови на пена. Тие можат да ја предизвикаат астмата. Според докторото Ju-Čina T. Huanga, професорот на Медицинскиот факултет на универзитетот Дјук, изоцијанат- индуцирана астма е слична на другите видови на астма. Директниот контакт на кожата со изоцијанати може да предизвика сипаници.

Амино катализатори

Амино катализатори се хемикалии кој што се наоѓаат на „Страната Б“ на миксот. Центарот на контролата на болестите донесе следно предупредување:„Амино катализатори во полиурентанската пена во спреј можат да бидат иританти кој што можат да предизвикаат заматено гледање.“ Другиот извештај објавен од страна на Комисијата за безбедност на С.А.Д.  вели дека амино катализаторите можат да ги иритираат очите и при сосема ниски концентрации, а доколку се внесат во организмот можат да предизвикаат озбилни иритации.

Полиоли

Полиолите кој што се исто така наоѓаат на „Страната Б“ се всушност алкохоли кој што служат како катализатори. Полиолите се составени од адипинска кислина и од етилен гликол или пропилен оксид. Некој полиоли се прават од соја, но според  Pharos Project организацијата која што се залага за транспарентност на градежниот материја, материјалите на база на соја чинат само околу 10% од вкупната изолација.

Етил гликој хемикалија која што се користи за производство на полиоли и за некој полиуретански пени во спреј, може да предизвика повраќање и да има влијание на централниот нервен систем.

Извор:Build Magazin

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1