64-годишниот Војчех Јановски, почесен конзул на Полска во Монако, признал дека учествувал во убиството на мајката на својата сопруга, наследничка на една од најбогатите семејства во Монако.
Јановски се наоѓа во притвор, приведен е со уште 22 лица, меѓу кои била и неговата сопруга, инаку најстара ќерка на богатата наследничка. Таа сепак била ослободена без обвиненија.
Полицијата, како што било претходно соопштено, идентификувала две млади лица осомничени дека биле најмени за ова убиство, а се истражуваат и “сомнителни трансакции на пари” на сметките на Јановски.