Копилотот на малезискиот авион среде лет го вклучил мобилниот


Член на екипажот од исчезнатиот малезиски боинг 777 се обидел некому да му се јави по мобилен телефон додека авионот летал ниско во близина на Пенанг, тврдат некои извори. Ова, наводно, е последното откритие во истрагата околу исчезнатиот авион, а да се јави се обидел копилотот Фарик Абдул Хамид, пишува Њу стрејтс тајмс.

pilot33Истражителите со помош на прибраните податоци се обидуваат да сфатат што се случило во моментите пред на 8 март авионот да исчезне. Авионот летал доволно ниско за да воспостави повик, но врската нагло била прекината. Изворите не сакале да кажат кому копилотот се обидел да му се јави. Пред овој повик копилотот комуницијал преку мобилен пред да се качи во авионот и тоа со личност со која често се слушал, но мобилниот му бил исклучен кога влегол во пилотската кабина. Роднина на Фарик вели дека тој бил многу близок со мајка му и дека ако некого сакал да го слушне за последен пат тоа сигурно била таа.

Малезиските власти сето ова го нарекоа шпекулација и посочија дека немаат потврда за ниеден од изнесените наводи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1