Единствениот вулкан на Bалканот нема никаква активност и не претставува закана за околината, велат експертите по посетата на охридското село Косел, каде што синоќа беше забележан погуст чад. Природниот отвор од каде што постојано излегува сулфурниот гас бил затрупан со смет, па се формирал нов отвор…
Не е алармантна состојбата со вулканот во Косел. Според надлежните институции неколку факти укажуваат на тоа- непостоење на сеизмичка активност како и затворањето со шут на самиот кратер.
„Можеби овој насипов овде каде што стоиме, несреќно е одбрано ова место каде што се одлагал градежниот шут па се затворени некои природни испусти на времето што биле, па притисокот и гасот мора да излегува надвор па си има најдено некој други процепи“, појасни Љупчо Прескаков од Дирекција за заштита и спасување.
Во охридски Косел се појави поствултанска појава, а вулканот е одамна загаснат. Некогаш бил вулкан, а сега се останати само карпите кои сведочат за вулканот и останува сулфатарата, која долги низ години е активна, е ставот на универзитетскиот професор Тодор Серафимовски од Природно-Техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, пренесува Миа.
Тој додава дека вакви поствулкански појави со сулфатари има на Кожув на две места и од кавадаречка и од гевгелиска страна и Кратовско-Злетовскиот регион исто така на две места кај селата Бели и Плешница.- Тоа се главно миоценски вулкани, кои се загаснати. Последните активности преку апсолутните старости го гледаме на Коселескиот вулкан биле околу пред 16 милиони години, а најмлади вулкани се на Кожувската област тоа се од два милиони до шест милиони години.
Значи дефинитивно затворена вулканска активност, од тој аспект ние можеме да бидеме мирни, бидејќи нема некоја конкретна манифестација. Ова реков е гас, кој е поствулкански продукт и тој си имал своја рамнотежа со години, но мало пореметување на рамнотежата било оној момент, кога како што реков беа задупчени неколку дупчотени во 80-тите години од страна на словенците по што практично ние ја загубивме сулфатарата, рече Серафимовски.
Тој истакна дека по зачепување на дупчотините на Косел се изгуби атрактивниот изглед на сулфатарата, но според негови претпоставки, поради земјотресот во Грција, а кој се почуствува и во земјава со што, како што рече тој, дојде до проклизување на одредени расадни структури, при што веројатно сеизмичките бранови се пренесоа и на блиската активна трусна зона, Валандовската, по што гасот нашол испуштен вентил во линија на помал отпор.
– Јас ќе кажам дека од она што ние го имаме за структурите и положбата на магмите во нивните примарни резервоари некаде е под границата, испод 150 километри во длабина, вели Серафимовски.
Тој додава дека со појавата на сулфатарата, охридскиот регион може да ја направи како туристичка атракција, како што е во Тоскана во Италија.
Еве повеќе информации за вулканот во Косел