Во екот на епидемијата на морбили во Скопје, дел од играчите и раководството на КК Работнички боледуваат од сипаници. Токму затоа, клубот се соочува со огромни проблеми во клучниот дел од сезоната, јавува Вечер.
Пред две недели заразен од мали сипаници бил тренерот Панче Милевски, поради што извесно време бил и хоспитализиран. Од оваа болест се заразени и Красиќ и Мираковски, а Дарко Соколов има зголемена телесна температура. Неизвесен е настапот во Гевгелија и на Брчков.
Тренерот Емил Рајковиќ смета дека ризикот да заболат и другите играчи е огромен, бидејќи секој може да е носител на болеста.
-Симптомите се манифестираат подоцна, а може да се случи ние да го заразиме цел тим на Кожув и на судиите. Ризикот е навистина голем, но домаќините, сепак, не сакаа ни да чујат за одложување на средбата откако ние побаравме такво нешто – вели Рајковиќ.