Американската текстилна индустрија “Вул енд Прајс”, произведе специјална кошула која не се валка и не се гужва
Производителите тврдат дека кошулата може да остане чиста и свежа до неверојатни 100 носења.
Облеката е отпорна на мириси до толку што останува да мириса свежо дури и ако се носи за време на напорно вежбање, исто така на оваа кошува не и е потребно пеглање, бидејќи е направена од материјал кој не се гужва.
Во компанијата “Вул енд Прајс”, истакнуваат дека овој дел од гардеробата е наменет за мажи кои мразат често да ги пеглаат своите кошули, но и за жените кои имаат аверзија кон оваа активност како дел од домашните задачи.Кошулата е изработена од волна кој е 6 пати поиздржлива од памукот.
Лабараториските тестови покажале дека волнените влакна се издржливи на кинење и можат да издржат 200 пати да се растегнат, тие повторно самите си се враќаат во првобитната сосотјба. Волната исто така е издржлива и на гужвање.