КОСМАЈАЦ: Како од келнер до нарко бос кој создаде империја вредна 11 милони евра (Видео)


61-годишниот Драгослав Космајац, српски нарко бос, бил уапсен вчера во 4:30 часот во својата голема вила на Ѕвездара. Српскиот Ал Капоне, бил уапсен во својот дом во Белград по долна облека и со златни папучи на нозете, открива српскиот портал Курир.

Сам и отворил врата на полицијата, а во моментот на апсењето, читал книга за Дарко Шариќ, неодамна уапсениот криминалец од српското подземје.

kosmajac-kuka

“Почекајте само да се облечам”, било сè што им кажал Космајац на инспекторите кога во долна облека ја отворил вратата од својот дом.

Космајац имал пријавено само приходи на основа на инвалидска пензија, која ја заработил како келнер! Неговиот имот, кој се проценува на 10,7 милиони евра, во главно бил евидентиран на други лица, со кои правел договори за заем за изградба на одредени објекти.

kosmajac-srpski-narko-bos-03

„Голем број уметнички слики висат на ѕидовите на куќата. подовите се од мермер, а оградите од ковано железо. Мебелот е уникатен, како и речиси сите предмети во куќата. Се е покриено со камери, а во дворот има базен“, открива за Курир извор на истрагата.

kosmajac-srpski-narko-bos-05

Драгослав Космајац долги години живеел на релација Белград-Шпанија, а „кариерата“ ја започнал така што испраќал пријатели да му носат автомобили од Италија, во кои наводно криел по 20 килограми дрога. Малку по малку, стигнал до  Јужна Америка и остварил контакт со колумбиските нарко-картели.

Пред повеќе од две децении го запознал Пабло Ескобар и станал негов човек за Европа.

kosmajac-srpski-narko-bos-06

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1