Косово се подготвува и ги разгледува можностите за воведување на сопствена валута, пишува денес приштинскиот дневен весник „Трибина“.
Косово ја разгледува можноста на својот пазар да влезе со своја валута изјави гувернерот на Косовската централна банка, Бедри Хамза.
Таа идеја во моментов се разгледува, истакнуваат извори од косовската Централна банка, додека експертите во Приштина сметаат дека воведувањето на сопствена валута ќе придонесе за развојот на монетарната политика на оваа земја.
Тие, сепак, предупредуваат дека одржувањето на стабилноста на таквата валута ќе претставува сериозен предизвик.