Косовската полиција нуди 10 илјади евра за информација околу убиството на Ивановиќ


Косовската полиција нуди награда од 10 илјади евра за понудена корисна информација поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ.

„Косовската полиција веднаш по трагичниот настан максимално е ангажирана во расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ,што се случи на ул.„Сутјеска“ во севрниот дел на Митровица. Но, за што поитна идентификација на сторителите на овој криминален чин полицијата бара помош од граѓаните и апелира на соработка за расветлување на случајот, стои во апелот на полицијата.

Полицијата отвори и бесплатни телфонски линии 080019999 или- 192,како мејл адреса: [email protected] и гарантира целосна тајност за оние кои ќе се јават.

Во меѓувреме премиерот Рамуш Харадинај за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност,околу актуелна безбедносна состојба во земјата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1