Вчер од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово на лицето А.С. (25) од Косово му бил одреден екстрадиционен притвор од 30 дена, по што бил транспортиран во Казнено поправната установа – Затвор Скопје.
А.С. бил приведен на 12.09.2017 година во 18.00 часот на Граничен Премин „Табановце“, бидејќи при пасошка контрола било утврдено дека се наоѓа на СТОП-ЛИСТА поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.