За средбите во Скопје и текот на преговорите, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба во премиерската палата во текот на вчерашниот ден, објавија грчките медиуми.Според информациите во медиумите во Грција, Атина смета дека има напредок во преговорите. Разговорите во Скопје поминале во добра клима, меѓутоа и понатаму останува разликата во однос на македонскиот Устав, бидејќи „грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“.